За нас
ИНВЕНСИС ДООЕЛ Скопје е компанија чиј опсег на делување опфаќа проектирање, изведба и одржување на инсталации од областа на вентилацијата, климатизацијата и греењето.
Компанијата е основана во 2010 година, со целосно приватен капитал. Претходното искуството на менаџментот, стекнувано низ текот на годините во некои од водечките фирми во Македонија од областа на вентилацијата, климатизацијата и греењето, овозможува компанијата да се специјализира за проектирање и изведба на комплетни технички решенија и одржување на инсталации во наведената област.
Ние сме компанија која постојано го следи развојот на нови решенија и технологии, како и светските стандарди и трендови и ги имплементира во своето секојдневно работење.
Иведуваме вентилацијата, климатизацијата и греењето на деловни објекти, банки, спортски и рекреативни центри, станбени објекти, индустриски постројки, текстилни фабрики, дискотеки, барови, ресторани, индивидуални-приватни објекти, подземни баражи итн.
Стратешка цел ни е равој при дизајнирањето, промовирањето и имплементацијата на 4Е технологиите што се применуваат во областа на вентилацијата, климатизацијата и греењето:
- Енергија
- Ефикасност
- Економичност
- Екологија
Намалувањето на експлоатационите трошоци за енергија, со нови технички решенија и користење на екомонични и за човековата околина прифатливи извори на енергија, се појдовни точки при изборот на вентилацијата, климатизацијата и греењето.
Тоа е иднината.