Со Samsung клима уредите добивате мирна и сигурна атмосфера во домот, со оптимално ладење и греење што штеди енергија. Без разлика дали живеете во стан, куќа или викендичка – секоја просторија ќе биде пријатна и удобна.
Удобност без компромиси
Енергетска ефикасност и тивко работење
Технологијата WindFree™ овозможува воздухот нежно да се распоредува низ просторот преку илјадници микро-отвори. Резултатот е рамномерна температура без непријатно дување – удобност што трае во текот на целиот ден и ноќ.
Паметна технологија за модерен дом
Со AI Auto Comfort вашиот клима уред „учи“ од вашите навики и условите во просторијата и самостојно ја прилагодува температурата. Дополнително, преку мобилната апликација SmartThings добивате целосна контрола од било каде – едноставно, практично и интелигентно решение.
Повеќе здравје, помала потрошувачка
Новиот Digital Inverter Boost компресор е создаден за да работи посилно и поефикасно – обезбедува брзо ладење, понизок шум и значителна заштеда на енергија. Со оптимизирана работа, уредот одржува удобна температура, а сметките за струја остануваат под контрола.
Зошто Samsung клима уредите?
Практични моно-сплит решенија за секој дом
Моно-сплит решенија Најпрактичниот систем за домаќинствата – една надворешна и една внатрешна единица. Идеални за климатизација на една просторија со површина и до 90 м². Едноставни за инсталација, достапни по цена и со различни капацитети за да одговорат на секоја потреба. Едноставно, ефикасно и испробано решение за секое домаќинство.
WindFree™ – патентирана удобност
Уникатна технологија која обезбедува ладење без директно дување, за пријатна и релаксирана атмосфера. Покрај подобрениот WindFree™ Avant S2, претставен е и новиот WindFree™ Avant Black – овој модел е одговор на зголемената побарувачка за модерни куќни апарати што одговараат на модерни простори.
Digital Inverter Boost – енергија со мера
Компресорот на SAMSUNG со технологијата Digital Inverter Boost помага да се заштеди на потрошувачката на енергија. Неговите силни неодимиумски магнети и амортизер ја зголемуваат ефикасноста, брзо ладат без трошење енергија и ги сведуваат вибрациите и нивоата на бучава на минимум. Наместо постојано вклучување и исклучување, инвертерот ја регулира брзината на моторот. Ова значи континуирана и поефикасна работа со заштеда на енергија до 30–50% во споредба со класичните системи.
Паметно управување
Контролирајте ја температурата во вашиот дом во секое време, на кое било место. Користејќи ја апликацијата SmartThings, можете да го контролирате и следите вашиот клима уред само со еден допир. И не само тоа, можно е да се поврзат многу други паметни уреди со апликацијата SmartThings.
Easy Filter Plus
Филтерот е дизајниран за едноставно одржување – се вади и чисти за неколку секунди. Благодарение на антибактерискиот слој, помага во заштита од прашина и честички, обезбедувајќи почист воздух за вашето семејство.